Почетна / Серии / Историската трилер серија „Вашингтонски шпиони“ репризно на Телма
Од вторник, 11 март 2025 година - репризно американска драмска серија на Телма

Историската трилер серија „Вашингтонски шпиони“ репризно на Телма

Врз основа на вистински настани, серијата ја раскажува приказната за раѓањето на модерната шпионажа за време на американската револуционерна војна.

Фокусот е на фармерот Абрахам Вудхул (Џејми Бел), кој заедно со своите пријатели стануваат неверојатни шпиони и го свртуваат бранот во борбата на Америка за независност.

Тие основаат таен шпионски круг – Прстенот Кулпер (Culper Ring). Членовите на тајниот круг ги ризикуваат своите животи за бунтовничката кауза – основањето на нова нација – и на крајот се победници, затоа што со нивна помош, Џорџ Вашингтон (Иан Кан) успева да ја сврти војната во своја полза.

Политички, шпионски трилер со многу акција, заснован на критички признатиот роман „Washington’s spies: The story of America’s first spy ring“ на Александар Роуз.

Емитувана е на американскиот канал AMC во 4 сезони, вкупно 40 епизоди, а на Телма телевизија ќе се репризира од понеделник до четврток во 23.40 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто ТВ Телма емитува репризи на серии во вечерните часови?

Телма телевизија убедливо се двои од сите останати национални телевизии, емитувајќи разновидна програма за различни …

error: Содржината е заштитена!