Почетна / Сапуници / Хероините од најбараната серија се враќаат специјално на Канал 5

Хероините од најбараната серија се враќаат специјално на Канал 5

Од понеделник 26-ти април од 22 часот – повторна средба со вашите омилени во вашето најомилено “Забрането јаболко”.

Најбараната ТВ серија се враќа на Канал 5, во програмска шема од понеделник до петок. Над 25 нови ексклузивни епизоди го очекуваат Вашето максимално внимание, а за тоа ќе се погрижи кој друг ако не, главните ликови од “Забрането јаболко”.

Скандалите ескалираат во спектаклите кои следуваат. Репликите ќе се паметат и прераскажуваат, а гламурот ќе доминира и во наредните уште поекстравагантни продолженија на серијата.

Опасна местенка подготвија жените од Босфорот.

Очекувајте ги новите акции на трио фантастико и уживајте во љубовните заплети на Јилдиз и Чагатај, досетливите игри на Ендер и бескруполозните стратегии на Шахика. Од понеделник до петок – “Забрането Јаболко”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Италијанката го изневери Романтичарот со директорот на „Рома“

Турскиот актер, кој се стекна со светска слава преку својата улога во хит комедијата „Романтичарот“ …

error: Содржината е заштитена!