Почетна / Живот / Мобилност во Република Хрватска преку проект од Erazmus+ k1 програма

Мобилност во Република Хрватска преку проект од Erazmus+ k1 програма

 

Во период од 9 дена во Република Хрватска се реализира мобилност на вработените од Центарот за стручно образование и обука. Мобилноста се реализира со помош на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, финансиски помогната со средства од Европската Унија преку програмата Erasmus +.

 

 

 

Траење: 6 работни дена – петок, 4. 12. 2015. – петок, 11. 12. 2015.

Учесници во мобилноста од Република Македонија: Центар за стручно образование и обука (ЦСОО) и Биро за развој на образованието (БРО)

Институција домаќин од Република Хрватска: Агенција за стручно образование и образование на возрасни.

Беше остварена средба со претставници на повеќе образовни институции во Хрватска како: Агенција за стручно образование и образование на возрасни, Министерството за наука образование и спорт, Комора на занаетчии, Стопанска комора, Средни стручни училишта, Хрватско здружение на работодавачи и сл.

 

Целта на мобилноста:

Генерална цел со оваа мобилност на советниците по струка од ЦСОО е во контекст на збогатување на постојните и развој на нови компетенции во областа на стручното образование и обука и воведување и практикување на регулативите на ЕУ за оваа област во насока на постигнување компатибилност на стручното образование со потребите на пазарот на трудот.

 

Добиени резултати од мобилноста:

• Стекнување нови вештини и компетенции за стручното образование и обука во Република Хрватска, кои може да се применат во Република Македонија;
• Размена на искуства, ставови и идеи во врска со дизајнот и имплементацијата на стратешките документи, наставната програма во областа на стручното образование и обука, како и размена на искуства и најдобри практики во однос на надминување на предизвиците со кои се соочуваат советниците по струки од Центарот за стручно образование и обука, со цел да се подобри системот на стручното образование и обука во Република Македонија;
• Запознавање со организацијата на работата на Агенцијата за стручно образование и обука и образование на возрасни и нејзината улога во системот на стручното образование во Република Хрватска;
• Размена на искуства, знаења и информации за улогите, облиците, методите и видовите активности спроведени од страна на други институции во стручното образование и обука во Република Хрватска.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема роденденска забава со награди во ЗОО Скопје

Оваа година ЈУ „Зоолошка градина Скопје” го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на …