Почетна / Забава / Grace Jones го носи своето live show во Македонија на 6 јули

Grace Jones го носи своето live show во Македонија на 6 јули

Веројатно не постои светски артист на оваа планета (освен, се разбира, David Bowie) кој може толку аргументирано да изнесе толку многу различни и заслужени епитети како Grace Jones, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња.
Некои од нив се: ” Musical mastermind”, “Amazing Grace, “Timeless”, “Art aristocrat”, “True diva”, “Goddess of Rhythm”, “Pop culture icon”, “Fashion Icon” “Vamp Woman”… а покрај сето тоа, таа е и Super Model и Movie Star.
Но, она што е најважно во моментов за нас е дека, пред се’, Grace Jones е “Master of stage”. Во тоа ќе се убедиме самите во Скопје.

И, да бидеме искрени, Grace како никогаш да не припаѓала на оваа планета. Како да се објасни на друг начин нејзиниот изглед и она што и ден денес го прави на сцена?
Како да се објасни и ден денес светското чудо од албум “Nightclubbing”? Пуштете го и слушнете го. Тој и денес, во секој музички сегмент е еден век пред време. И секогаш ќе биде… во било кое време.
Дали воопшто постои друг албум во светската дискографија кој во себе содржи funk, pop, dub, soul, disco, jazz, synth pop, bossa nova, r&b, new wave и, се разбира, reggae fusion?

Авалон продукција одговорно тврди дека не постои! И затоа Grace Jones нема конкуренција, затоа што никогаш не личела на никој. Од друга страна еднаш некој рече ,,не е работата што Grace Jones е пред Madonna, Lady Gaga, Beyonce и Rihanna, работата е што таа се’ уште е сите три во едно”.
Драги наши, сите заедно ќе имаме можност, Grace Jones, заедно со нејзиниот многуброен бенд и спектакуларно 90 минутни show, да ја видиме овде, кај нас дома на стадионот АРМ на 6 јули 2024 година.

И да ја вратиме Македонија таму каде што токму ние ја поставивме и многу љубоморно ја чуваме од 2001 година: на листата земји каде сепак се случува нешто убаво и по светски стандарди – во реалноста, а не само вербално и имагинарно.

Спремете се за full Grace Jones experience!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филхармонија во парк со „Одисеја 2024“ – музика од филмовите на Кјубрик

И оваа година, Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено”, кој ќе …

error: Содржината е заштитена!