Почетна / Забава / И третото издание на Fusion Festival онлајн но со најдобрите DJ-и

И третото издание на Fusion Festival онлајн но со најдобрите DJ-и

Кога имате добар  проект поткрепен со добра музика од најпознатите македонски диџеи, во таков случај имате гаранција дека тој проект ќе трае.

Точно после една година, стигнавме и до третото издание на Фјужн Фестивал (Fusion Festival part 3).

Во услови кога целиот свет е во „карантин” и љубителите на добрата музика се приморани да седат дома и да ги почитуваат препораките на стручните лица, Fusion Festival и Спектаклум ви носат уште една незаборавна вечер, која во конкретните услови е од голема важност за публиката, но и  еден вид помош за македонските артисти.

На 9 мај, со почеток во 20 часот од СЦ „Борис Трајковски“ ќе прозвучат дел од најдобрите македонски диџеј имиња. Фестивалот ќе биде продуциран и организиран на истото ниво како во салата да има публика, за сите оние што ќе го проследат да имаат чуство дека се присутни на самото место.

На третото издание на Фјужн Фесивал ќе настапат Ампов, WISH.CO и Зоки Бејбе.

Фестивалот кој е поддржан од Град Скопје, ќе може да се проследи на Youtube и Twitch каналите на фестивалот, како и на  официјална Facebook страница.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Корејците со маестрална изведба на евровизиската „Молитва“

Секој петок навечер, во Јужна Кореја се емитува музичкото шоу “Фантомски пејач” во кое главно …

error: Содржината е заштитена!