Почетна / Сапуници / Гатачка ја скара актерката од „Нов живот“ со саканиот од „Борбата на мајката“

Гатачка ја скара актерката од „Нов живот“ со саканиот од „Борбата на мајката“

Мелиса Асли Памук е убава турска актерка која ја следиме секој викенд во мини драмата “Нов живот” на Сител телевизија.

Покрај оваа главна улога, актерката имаше и една од главните улоги во веќе емитуваните “Повторно родени” (Сител), “Доста е!” (Канал 5) и “Карасевда” (Сител).

Медиумите во Турција особено се интересираа за неа последнава година поради нејзината врска со исто така познат турски актер.

Мелиса беше во врска со Мустафа Мерт Коч, познат како Омер од “Борбата на мајката”.

Но, една интересна случка е причина за нивната разделба која се случи изминативе денови.

Имено, пред неколку дена, актерката ја посетила како по обичај нејзината гатачка од Анадолија кај која редовно одела.

Гатачката ѝ соопштила дека нејзиниот сакан има љубовница, па токму тоа било причината Мелиса одеднаш да ја прекине врската со актерот.

Ги избришала сите нивни заеднички фотографии на Инстаграм, го одследила саканиот и тоа баш затоа што слепо ѝ верува на нејзината пријателка, гатачката од Анадолија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!