Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 8

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 8

 

Само што заврши вечерата во пансионот на Макарија и почна да ги сопбира последните чинии од масите, кога по вртените скали слезе Капричо, една од нејзините потстанарки.

–          Одам, кумо, – и рече Капричо. –  Те молам благослови ме.

–          Девицата од Кармен нека те штити и чува, ќерко, нека те заштити од непријателот и ненадејната смрт.

–          Ај, кумо…,- крикна Капричо на која не и се допаднаа последните зборови. – Не ме чекајте рано. Одам да се видам со мојот гринго.

–          Биди внимателна, Капричо. Биди внимателна.

–          Не грижи се за мене, – ликуваше девојката која како молња ја напушти просторијата.

Откако Макарија ги собра чиниите, ја згасна и последната лампа од ресторанот и се упати по скалите на вториот кат од куќата каде што беа спалните соби за неа и девојките.

Кога влезе во собата која ја делеше со својата ќерка, ја затекна Јулиса замислена. Девојката не сакаше да и признае на својата мајка за чувствата кои ги разбуди Тристан Фуего во неа.

–          Размислував да ја продадеме куќата и да заминеме во Веракруз, ќерко, – Маруанта не се откажуваше од идејата за преселба.

–          Мамо, зборувавме веќе за тоа и одлучивме да останеме тука.

–          Веракруз е голем град, ќерко. Можеме да отвориме ресторант со парите од куќата и…

–          И што ќе биде со девојките ако го продадеш пансионот овде?

–          Девојките се големи, ќе се снајдат…

–          Не, мамо, те молам веќе не иснистирај. Сега повеќе од било кога сакам да останам тука.

Макарија длабоко се издиша. Токму таа причина поради која Јулиса сакаше да остане беше причината поради која Макарија сакаше да замине.

 

Ектор Фалкон седеше сам во дневната соба кога влезе Дамијана. Со нервозен поглед ги следеше нејзините чекори. Немаше доверба во неа и мораше да дознае што подготвва.

–          Каде беше?, – ја праша.

–          Не е твоја работа, – му одговори дрско.

–          Зборвав со Вадо, – ја предупреди Ектор.

–          Знам, – му одговори ладно. – Ти си предавник, Ектор Фалкон.

–          Вадо ми препушти се на мене. Дури и истрагата. Останваш во компанијата.

–          Ако ова е твој начин да ми кажеш дека ќе ме газиш и ќе ме уништуваш полека сакам да знаеш дека планот нема да ти успее. Те презирам, – му дофрли низ заби.

–          Сакам да знаеш дека никогаш не сум работел ниту ќе работам против тебе.

–          Што се случи со нас? Бевме совршен пар кој беше подготвен да се соочи со светот. За кратко го уништи сонот кои и двајцата го сонувавме. Ме остави сама поради твоите болни амбиции.

–          Сеуште сме заедно, – продолжи да ја убедува Ектор. –Но, ти си тврдоглава и не ме слушаш. Те бранев пред твојот вујко, да не бев јас немаше да останеш во компанијата.

–          Сигурно само повремено, додека Вадо не смисли идеален начин како да ме исфрли на улица. Ако дојде тој ден, се колнам дека ќе ти вратам, Ектор.

–          Смири се, – тој ја зеде во своите силни раце но таа се противеше.

–          Не ме допирај. Меѓу нас е готово.

–          Дамијана, ти си дел од мојата иднина, – ја зеде нејзината рака, со цел да ја увери дека ја зборува вистината. – Сега знам што сакам.

–          Ти лично ќе ме отпуштиш или имаш други планови за мене?

–          Моите планови секогаш биле исти, а тоа е јас и ти да ја направиме компанијата уште по моќна.

–          Ние двајца повеќе не сме тандем, Ектор. Ти ме предаде. Откако Вадо ти даде се што сакаше, повеќе не сум ти потребна.

–          Мене не ми треба рудникот со злато, топилницата ,ни компанијата ниту оваа куќа ако те немам тебе, Дамијана.

Ја држеше цврсто крај себе. Дамијана го чувствуваше неговиот здив додека и зборуваше и неговите цврсти атлеткси гради на своите. Со раката и ја повелче главата кон своите усни и страсно ја бакна. Дамијана секогаш беше слаба на неговите страсни бакнежи, само во неговата прегратка се чувствуваше како жена.

Занесени во страстта, ниту едниот од нив не забележа кога во просторијата влезе Ребека, мајката на Дамијана.

–          Што правиш, Дамијана?, – пријде до својата ќерка и ја грабна влечејки ја. – Ако Вадо дознае дека има нешто меѓу тебе и Ектор ќе не истера од оваа куќа!

–          Нема да го дозволам тоа, – цврсто рече Ектор. – Јас ја љубам вашата ќерка, Ребека и спремен сум да се соочам со кралот на златото за неа!

Ребека која никогаш не гаеше симпатии кон Ектор, гледаше скептично во младичот. Сега кога Вадо беше решен да му го остави сето наследство на него уште повеќе го презираше. Сметаше ека е неправедно таа како негова сестра да остане без ништо.

–          Ти само ја користиш мојата ќерка, Ектор! Откако дојде во оваа куќа само ја користиш. Се надевам еден ден Дамијана ќе го сфати тоа!

–          Моја најголема желба е еден ден Дамијана да биде моја сопруга.

–          Те предупредувам дека ако уште еднаш направиш да страда мојата ќерка, ќе имаш работа со мене, – Ребека отворено го покажуваше своето непријателство. – Престани да ја заведуваш мојата ќерка под кровот на оној кој те прими.  Затоа, сметај дека си предупреден, Ектор.

 

Во меѓувреме, Капричо, една од штитеничките на Макарија се запозна со еден американец преку интернет кој и ветуваше дека од неа ќе направи голема фото модел ѕвезда.

Ги облече најубавите алишта кои ги имаше и се упати кон хотелот каде што требаше да ја чека американецот. Капричо се чувствуваше како на седмо небо. Од мала ја привлекуваа убавите тоалети, светот на модата и гламурот, а убавината која ја имаше наследено од покојната мајка само и помогна во тоа. Не ги слушаше зборовите на својата најдобра пријателка Енграсија кога и велеше да биде внимателна дека американецот можеби сака само да ја искористи.

–          Овде сум, – и пријде американецот, ширејки ги рацете за добредојде. – Каде си до сега Капричо?

–          Доцнам малку, но со голема желба да станам супер модел, – му одговори самоуверено и низ широка насмевка.

–          Секако, ги имаш сите квалитети за успех!, – и ласкаше американецот, голтајки ја со поглед. – Ќе направиме неколку пробни фотографии и ако им се допаднат на моите претпоставени, за една недела  ќе бидеш во Њујорк.

–          А потоа во Париз, Милано…, – девојката ликуваше.

–          Да одиме во мојата соба.

Кога влегоа во хотелската соба Капричо погледна околу себе. Беше обична хотелска соба, без никакви реквизити за фото сесија како што и беше ветено.

–          Не гледам каде ќе ме сликате.

–          Не така брзо, дарлинг. Што велиш да нарачам шише шампањ од рецепција? За тоа време можеш да се соблечеш.

–          Да се соблечам? Што да соблечам?

–          Ако ти е непријатно, почекај да го донесат шампањот. По две чаши алиштата сами ќе лизгаат од твоето тело.

–          Вие сте луд! Јас сум чесна девојка!

–          Ако сакаш да бидеш професионален топ модел мораш да се сликаш и гола, Капричо, – инсистираше американецот, приоѓајки и да и ја откопча кошулата.

–          Не! Пушти ме!, – на сиот глас викаше Капричо.

Но, американецот инсистираше да ја види гола. Стравот се насели во телото на девојката. Она што најмаку го очекуваше а сите ја предупредуваа дека може да се случи. За миг го почувствува силниот американец на своето тело како ја навалува кон креветот, обидувајки се да и ги соблече алиштата додека ја љубеше брутално.  Капричо се бранеше и врескаше на сиот глас. Веќе и ја слече кошулата кога се слушна тропање на вратата;

–          Собна послуга!

Американецот стана од креветот и појде кон вратата.  Сигурно го носат шампањот кој го нарача. По две чашки, девојката со леснотија ќе биде негова, помисли.

На вратата стоеше Хосе Гвадалупе, таткото на Капричо. Човекот кој работеше преку ден во рудникот а навечер држеше смена во хотелот. Кога од рецеприцонерот дозна дека неговата ќерка е во една од собите со постар американец, реши самиот да ги послужи со нарачаниот шампањ.

Хосе Гвадалупе влезе во собата. На креветот ја забележа својата ќерка со раскинати алишта.

–          Капричо!

–          Тато!

Девојката потрча кон својот татко. Никогаш во животот се немаше чувствувано така лошо. Никогаш во животот не и било толку срам пред својот татко.

–          Што и направи на мојата ќерка?, – со своите силни раце го зграби американецот за кошулата. – Одговори!

–          Не ми направи ништо, тато, ти се колнам.

–          Што бараш ти овде со непознат маж?

–          Само сакав да ме слика, да бидам фото модел.

–          Да те слика за постери во камиони!, – беснееше Хосе Гвадалупе. Се заврте кон американецот и почна да го дави.

–          Не, тато, те молам, остави го…Тато, не ме допре ти се колнам!

–          Немој да го браниш и облекувај се, Капричо!

Откако со два удари го среди американецот, Хосе Гвадалупе ја покри својата ќерка со чаршавот и ја изнесе од собата. Слушајки врева, хотелската послуга се собра пред вратата.

Хосе Гвадалупе беше посрамен и разочаран. Само си потврди себеси дека Капричо не е способна да живее сама и да се грижи за себе како што сакаше кога го напушти семејниот дом за да живее во пансионот на Макарија .

Капричо го извади мобилниот телефон од џебот и го заврте бројот на својата пријателка Енграсија.

–          Енграсија, Капричо е…Мораш да дојдеш да ме земеш…

Хосе Гвадалупе и го грабна мобилниот телефон од рака и го фрли на земја, влечејки ја својата ќерка кон својот автомобил на паркингот.

–          Ова е крај на твојот живот како самостојна личност, Капричо! Доаѓаш со мене дома и остануваш да живееш под моја заштита.

–          Татичко , дозволи ми да ти објасанм…

Но, Хосе Гвадалупе не беше спремен да слуша. Ја седна својата ќерка на сувозачкото и ги стави клучевите…

 

Кога го слушна исплашениот глас на својата пријателка по телефон, Енграсија се обиде да ја добие повторно, но Капричо не одговараше. Го зеде комбито и се упати кон хотелот каде што знаеше дека се наоѓа.

–          Гледај што правам за тебе, Капричо, а ти вака ми враќаш, – мрмореше додека возеше по улицата. – Можев да спијам мирно наместо да те спасувам во ноќта. Да ме сослушаше барем еднаш во животот…

Одеднаш, пред комбито на Енграсија се појави некој што ја минуваше улицата. Со цел да стигне што поскоро, Енграсија возеше со голема брзина. Се обиде да закочи, но беше предоцна. Удри во човекот чие лице не можеше да го види во мракот. Енграсија истрча од комбито да му помогне. Беше шокирана кога виде дека човекот кој го прегази е Роки Санторо. Пријде до неговото тело и почна уплашено да го проверува пулсот.

–          Роки! О боже, го убив! Помош! Роки! Отвори ги очите…

Во паника почна да му дава вештачко дишење. По кратко, Роки ги отвори очите. Ова беше прилика која долго ја чекаше. Долги години беше заљубен во Енграсија но таа упорно го одбиваше. Кога сфати дека не е мртов, Енграсија почна да го удира со раката откако и мина стравот.

–          Засрами се! Како можеше?

–          Енграсија, Енграсија…Смири се. Вредеше да умрам за тој твој бакнеж.

–          Тргни ми се од патот, немам време за твоите шеги.

–          Каде одиш, кукло моја?

–          Не е твоја работа, – му одговори дрско и се врати назад во комбито.

 

Следното утро владееше молк во пансионот на Макарија. Капричо не се врати цела ноќ, а Енграсија ја извести дека Хосе Гвадалупе ја вратил во својот дом.  Јулиса  беше на предавање. Седна на масичката во кујната со шоља кафе откако го спреми појадокот и почна да размислува за Вадо Фалкон. Човекот кој и го уништи животот, кој го уби Мелчор и неговата ќерка Роса Клара, мајката на Јулиса. Одеднаш го почувствува неговото присуство во собата. Виде сенка на ѕидот и ја полазија морници. Исплашено го заврте погледот и го виде пред себе. Го гледаше за прв па по дваесет години.

–          Боже, чувај ме од ѓаволот!, – се прекрсти додека колената и трепереа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …