Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 10

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 10

 

За прв пат Саграрио се разбуди во вилата на Вадо Фалкон. Познатата Дорада. Се прашуваше дали Тристан ја мисли, но Хосефина ја убедуваше дека нејзиниот син најверојатно и не забележал дека не е дома. Мораше да ја замоли слугинката за уште една услуга. Да го сервира појадокот наместо неа. Во тој миг во кујната влезе Мистика.

–          Намести ја униформата и облечи чиста кошула, – и нареди. – Инжењерот сака да те запознае. Кога ќе се појавиш во трпеазријата, поздрави ги господата со „добар ден“. Биди брза, послужи го појадокот и врати се во кујната.

По издадената наредба, Мистика се повлече од кујната. Ги поправи јаболчниците пред огледалото и влезе во трпезаријата каде што Вадо и Ектор веќе ги читаа дневните новини со шоља кафе.

–          Денес ќе имаме вистински појадок, – задоволно им се обрати на дон Вадо и Ектор. – Готвачката се врати.

–          Штета што нема да можам да ја запознаам, – рече Ектор. – Денес имам многу обврски и морам да побрзам.

–          Никаде не одиш додеја не ми објасниш нешто, – рече дон Вадо. – Зошто не ми кажа дека во рудникот си вработил девојка?

–          Не знаев дека е толку важно, – се бранеше Ектор.

–          Важно е кога се работи за ќерката на Макарија Ромеро. Има ли уште нешто што треба да знам? Што знаеш за таа девојка…Јулиса?

–          Не многу. Ја чува приватноста за себе и не зборува многу.

–          Натерај ја Јулиса да ти верува, – дон Вадо го советуваше својот штитеник. – Извади ја од рудникот. Тоа не е место за жени. Дај и работа во својата канцеларија.

–          Веќе го сторив тоа, но Јулиса е одлучна…

–          Каков маж си ти ако не знаеш да убедиш жена? Покажи и колку си страсен, искористи ја потребата што мора да работи. Направи да се вљуби во тебе.

–          Да се вљуби во мене?

–          Потребно ми е да ја имам ќерката на Макарија Ромеро близу! Дали сум јасен, Ектор?

Откако Ектор кимна со главата, ја напушти трпезаријата. Не му беше јасно барањето на дон Вадо но познавајки го сигурно има голема причина за тоа.

Во меѓувреме, Саграрио полека скоро на прсти излезе од кујната носејки го појадокот со себе.се плашеше од реакцијата на својот син кога ќе ја види, па се изненади кога го виде дон Вадо сам на трпезариската маса.

–          Појадокот, господине…

–          Неспособна! Додека те чекаме ни се одјаде! Врати го јадењето назад во кујната!

Ниту Вадо немаше апетит тоа утро. Запали пура и се упати кон својата работна соба. Не можеше да престане да мисли на Макарија. Во таквите мисли го прекина неговиот верен шофер и слуга Матакан.

–          Потребен сум ви, дон Вадо?

–          Матакан, од сношти не можам да престанам да мислам на Макарија Ромеро.

–          Забележав дека таа жена не ви дава мир, дон Вадо.

–          За малку не ја направив своја. Кожата и е бела и мека како порано. Сеуште е преубава жена. Ме љубеше, Матакан.  Ме љубеше како ниедна друга жена. Сакаше да ме врзе крај себе со дете.

–          Сите жени се такви. Сакаат да го земат презимето и да ги врзат мажите само за себе.

–          Вели дека ме мрази, дека ме презира бидејки поради мене го загуби детето. Но и покрај искрата на омраза во нејзините очи, прочитав дека сум и важен. Дека не ме заборавила. Луѓето во селото велат дека се заколнала дека никогаш повеќе нема да се предаде на друг маж. Ќе бидам нејзина сенка, Матакан. Таа жена ќе биде моја како некогаш.

–          Станавте опседнат со таа жена, дон Вадо.

–          Да, Матакан. Макарија мора да биде моја. Се сеќаваш што му направив на оној коцкар кој што ми должеше пари?

–          Како можам да заборавам, дон Вадо?

–          Никој не му останал должен на Вадо Фалкон. Оние кои што веруваат дека Макарија е светица, сите оние кои ја почитуваат , ќе дознаат за нејзиното минато. Жените како неа кои биле, остануваат курви. Дали се распраша за мајката на Ектор?, – дон Вадо нагло ја промени темата.

–          Работела како перачка овде во Малиналко. Мажот ја напуштил со две деца кога била млада.

–          Ектор ќе беше никој и ништо да не го земав под моја закрила. Син на перачка. Истото важи и за тебе и Антолин, Матакан и сите други од кои што направив луѓе.

–          Знаете колку сум ви благодарен, дон Вадо. Јас сум подготвен да направам се што сакате.

–          Што друго дозна за минатото на Ектор?

–          Како дете живеел со мајката и братот овде во Малиналко, покрај една напуштена болница.

–          Болницата Асторија, – го поправи Вадо.

Никогаш не го заборави името на таа болница. Во таа болница почна неговата мајка раѓајки ја неговата сестра Ребека. Вадо секогаш ја обвинуваше Ребека за смртта на родителите. По многу години, и нивниот татко почина од срцев удар кога Ребека побегна бегалка со работникот Тулио Фернандез. Кога Вадо стана некој и нешто нареди да ја затворат болницата каде што почина неговата мајка.

–          Сакам да дознаеш поеќе детали за мајката на Ектор.

–          Да, дон Вадо.

 

Размислувајки за зборовите на дон Вадо, Ектор приоѓаше до рудникот за злато. Кога слезе од автомобило праша за Јулиса и му кажаа дека може да ја најде во пресоблекувалницата. Ја затекна како го облекува скафандерот и се подготвува за работа.

–          Соблечи го скафандерот, не ти треба денес, – и нареди Ектор. – Повеќе нема да работиш во рудникот за злато. Од денес си моја асистентка во мојата канцеларија.

–          Не побарав унапредување…

–          Одлуката е донесена.

Тристан кој исто така се подготвуваше да ја започне смената, отстапи и пријде до Ектор.

–          Остави ја на мира! Јулиса останува во рудникот!

–          Не повеќе. Од денес ќе работи само за мене.

–          Јулиса не ја сака таа работа. Не ја присилувај!

–          На почетокот самиот штрајкуваше дека нема да работиш ако дозволам да работи жена со тебе во рудникот. Што се промени?

–          Забележав дека е вредна и добро си ја работи работата, – одговори Тристан.

–          Од управата не дозволуваат една жена да работи во рудник.

–          Сакам да останам да работам овде,- инсистираше Јулиса.

–          Јас сум тој кој што одлучува за работните места и иднината на вработените, – нагласи Ектор, разбеснат од отпорот на Јулиса. – Не сфаќам зошто одбиваш подобро платена работа?

–          Можеби си директрот и управник на рудникот и топилницата, но не и на животот на Јулиса!,- повторно се замеша Тристан.

–          Ектор, и ветив на мојата фамилија дека ќе откријам кој стои зад убиството на мојот кум Мелчор, ве молам дозвоете ми да останам овде, – Јулиса на крајот играше на картата искреност.

–          Ти си ми поважна од тоа ветување, – на крајот и одговори Ектор. – Размисли. Или прифати ја работата со мене во канцеларија или ова е твојот последен работен ден во рудникот.

По ваквите зборови, Ектор се повлече од бараката, оставајки ги сами Јулиса и Тристан.

–          Не ми се допаѓа како зборува со тебе и како те гледа, – Тристан и префрли. – Никогаш повеќе не сакам да те видам со него! Дали сум јасен? Никогаш!

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …