Почетна / Телевизија / Каналот FOX сеуште недостапен за операторите

Каналот FOX сеуште недостапен за операторите

 

Додека надлежните си ја префрлаат меѓусебно вината, компанијата сопственик на FOX каналите дополнително ги изреволтира македонските гледачи. Најгледаните серии од Fox Life и Fox Crime се префрлени на FOX TV.

Фокс ТВ каналот стартуваше на 15. октомври на платформата на Тотал ТВ, подоцна во јануари се појави и на Близу, но и по 6 месеци од неговото стартување, каналот е сеуште недостапен за корисниците на Max TV и Boom TV.

Македонски Телеком уште на 14. февруари испрати соопштение со кое се пофали дека нивната Max TV е лидер на пазарот со повеќе од 70.000 корисници, но во соопштението покрај другите најави, пишуваше дека FOX TV каналот ќе биде додаден наскоро. Додека светот ужива во новите епизоди на сериите како „New Girl“, „Family guy“, „The Simpsons“, корисниците на двете најголеми ТВ платформи можат да си гледаат турски и индиски серии на македонските ТВ канали.

 

 

 

Автор | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Станете дел од играната продукција на Алфа, погледнете што се бара

За потребите на играната продукција, Алфа Телевизија вработува: – Актери – 6 (Мажи и жени …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!