Почетна / Сапуници / Од вечерва на Сител уживајте во јазикот и убавините на „Бруско“

Од вечерва на Сител уживајте во јазикот и убавините на „Бруско“

Oд вечерва, ексклузивно на Сител телевизија стартува популарната серија од земјата на Боговите и егзотичните острови. Од вечерва бидете со телевизија Сител и запловете во интригантната приказна за љубов, омраза, ривалство и завист. Од вечерва, синилото на морето ќе ги раздвојува новите херои, но опојниот мирис на виното ќе ги спојува.

Грчката хит серија “Бруско” започнува од вечерва во 21 часот, веднаш по “Мојот вујко”. Нешто ново и нешто свежо на малите екрани. Една од најдобрите балкански продукции која стекна голема гледаност во Перу и Чиле, стигнува конечно и кај нас.

За разлика од турските играни серии, “Бруско” нема да се емитува надсинхронизирана! Гледачите ќе уживаат во убавините на грчките острови, атрактивните глумци и јазикот на соседите.

Љубовта меѓу Мелина и Ахил ќе донесе лавина проблеми затоа што тие се несвесни за фаталните последици кои може да ги донесе таа врска. Љубовта станува заробена од традицијата, а желбата за слобода ќе ги води на патот до среќата.

Oд вечерва, гледаме “Бруско” само на телевизија Сител, емитувана на оригинален грчки јазик !

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!