Џан Јаман, познат за македонските гледачи по улогата на Ферит од викенд драмата на Сител, “Полна месечина” во моментов е актуелен во Турција со неговата најнова серија.



Како што веќе пишувавме, партнерка и во новата серија му е Назли од “Полна месечина”.



Она што е особено впечатливо е што во оваа комедија, актерот буквално ги руши сите табуа и предрасуди кои важеа за турските серии досега.



Во новата серија, Ферит блеска со “совршено извајаното” тело во речиси секоја сцена.


Сето тоа го покажува со жешките сцени, каде е полугол.


Па така, ако досега бевме навикнати на марами и мустаќи во турските продукции, овојпат се снима нешто поразлично и посмело.

Во кревет, под туш, дома, на работа… актерот зрачи со сексипил во секоја сцена.


Девојки, засладете се и уживајте вo фотографиите на згодниот турски актер.




Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
