Почетна / Филм / Ноќно кино на Телма | „Anabelle“, „War dogs“, „Hangover“ …

Ноќно кино на Телма | „Anabelle“, „War dogs“, „Hangover“ …

Ви ги претставуваме филмовите кои на ТВ Телма ќе се емитуваат во наредниот период :

сабота (25 мај) – A dangerous method (Опасен метод) – 19.15 часот

Поглед на односот меѓу таткото на психоанализата, Зигмунд Фројд и неговиот ученик Карл Јунг. Кога Карл ќе употреби експериментален метод за да ја излечи пациентката Сабина, ќе сфати дека започнува да гаи чувства кон неа, што го доведува на тест неговиот сопствен брак и односот кој го има со учителот Фројд. Историска драма која е адаптација на книга и театарска претстава на Кристофер Хемптон.

сабота (25 мај) – War dogs (Кучиња на војната) – 23.00 часот

Неверојатна вистинита приказна за двајца дваесетгодишњаци, Евреи од Флорида, кои стануваат интернационални дилери на оружје, по настанот што ја остави Америка без здив на 11 септември. Во филмот, ги следиме на патот до апсурдот и политичкиот свет на интернационалната трговија со оружје со која ќе завршат со обвинение за измама. Одлична музичка подлога во биографскиот филм саботно на Телма со Мајлс Телер, Џона Хил и Бредли Купер.

недела (26 мај) – Lights out (Кога ќе се изгаснат светлата) – 22.15 часот

Страшното чудовиште кое ја плашеше Ребека се појавува само кога светлата се изгаснати. Сега го напаѓа братот и таа мора да ја открие вистината за да ги спаси сите. Тереза Палмер и Марија Бело во интересниот хорор филм на Телма.

понеделник (27 мај) – Unknown (Непознато) – 23.15 часот

Човек се буди од кома и открива дека некој го зел неговиот идентитет и дека никој, дури ни неговата сопруга не му верува. Со помош на една млада жена се обидува да докаже кој е тој. Лиам Нисон, Дајан Кругер и Џенуари Џонс во мистериозен акционен трилер овој понеделник, веднаш по “Измама”.

вторник (28 мај) – Anabelle (Анабел) – 23.15 часот

Џон го најде совршениот подарок за неговата бремена сопруга – прекрасна, ретро кукла Анабел во чиста бела венчаница.

Радоста со Анабел не трае долго бидејќи таа крие ужаси и тајни. Режијата на овој познат американски хорор му припадна на Џон Р. Леонети, а во главните улоги ги гледаме Вард Хортон, Анабел Валис.

среда (29 мај) – Within (Внатре) – 23.15 часот

Во нивниот нов дом сѐ изгледа совршено сѐ додека предметите не почнат мистериозно да се движат, а храната да исчезнува. Станува јасно дека не можат да го задржат надвор она што веќе се наоѓа внатре…

Уште еден хорор на Телма, овојпат за едно ново семејство кое во куќата во која ќе се вселат сфаќаат дека живеат зли сили кои не им дозволуваат да бидат мирни. Во главните улоги на овој предвидлив хорор ги гледаме Мајкл Вартан, Ерин Мориарти, Надин Веласкез.

четврток (30 мај) – The campaign (Кампања) – 23.15 часот

Урнебесна комедија за двајцата политички кандидати Кам и Марти кои во предизборната кампања буквално се служат со сите средства за да стигнат до местото конгресмен на Северна Каролина.

Веќе четири мандати, таму суверено владее демократот Кем Брејди (Вил Ферел), но тој не им одговара на браќата Моч, моќни бизнисмени кои поседуваат многу фабрики во Кина. Тие ќе посакаат да стават свој човек на власт за да го префрлат капиталот во САД и да прават работи кои инаку не би можеле да ги прават. Затоа во изборната трка ќе го уфрлат наивниот Марти Хагинс (Зак Галифијанакис), син на поранешен републикански конгресмен. Тој, без да знае за овие планови и сакајќи да го направи горд својот татко, бргу ќе се впушти во изборите.

петок (31 мај) – The hangover (Мамурлак) – 23.15 часот

Тројца пријатели се будат по ергенската вечер во Лас Вегас со амнезија за претходната вечер а младоженецот е исчезнат. Тргнуваат во потрага низ целиот град пред да дојде денот на венчавката. Погледнете го уште еднаш култниот комичен филм за една вистинска животна авантура, петочки на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акционен трилер во петок и костимирана драма во недела на Прва

петок (15. ноември), МТВ 1, 22.55 часот – “Љубов и изнуда” Дјук е воен ветеран …

error: Содржината е заштитена!