Почетна / Телевизија / Соништата се остваруваат во новото Пинково шоу на Алфа

Соништата се остваруваат во новото Пинково шоу на Алфа

Тијана Ќуровиќ и Жарко Лазиќ се водителите на “Остварување на соништата”, новото српско реално шоу кое се емитува секоја сабота во 22.15 часот на Алфа телевизија.

Во емисијата гледаме луѓе кои добиваат единствена прилика да го подобрат своето здравје, да го променат својот физички изглед и да ја вратат смислата на својот живот. Преку тим на врвни експерти, емисијата помага на оние кои живеат во тешки услови, загрозени се материјално и социјално, здравствено и физички итн. Животот не бил благонаклонет кон тие луѓе и затоа тимот на “Trenutak iz sna” ќе им овозможи нега и грижа каква што никогаш не виделе. Нивните реални приказни се тажни, жални, автентични, живописни, полни со психолошки трауми и сериозни здравствени проблеми, кои никого нема да остават рамнодушен.

Она што е исто интересно е што овие луѓе ќе бидат одвоени од своите фамилии точно две седмици. Во текот на тие 14 дена, тие ќе бидат под будното око на стоматолози, пластични хирурзи, козметички експерти итн. Ниедна кандидатка не смее да има контакт со своите најблиски, ќе остане без телефон и компјутер. И по 14 дена следува голема трансформација и совршено изненадување на остварени соништа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Om+“ на Телма : Ешерихија коли и антибиотици кај бебињата

Во студија спроведена во Македонија дојдено е до податоци дека во долните дишни патишта на …