Почетна / Спорт / ФИФА: Телевизиите не плаќаат доволно за женскиот фудбал

ФИФА: Телевизиите не плаќаат доволно за женскиот фудбал

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино упати јавна критика до телевизиските станици од најбогатите земји на светот дека се уште не се подготвени да издвојат високи сум за откуп на правата за емитување на директните пренос од женскиот Мундијал.

“Јасно ќе го кажам нашиот став, а тоа дека нема повеќе да ги продаваме телевизиските права од Светскиот куп во женска конкуренција по цени кои се пониски од пазарните. Тоа е наша морална обврска. Мора да се каже дека понудите се неспоредливи во однос на Мундијалот кај мажите и дека ќе бидеме принудени да бараме повисоки суми”, изјави првиот човек на светскиот фудбал.

ФИФА неодамна ги предупреди Англија, Италија, Германија, Шпанија и Франција дека ќе имаат голема одговорност за развојот на овој спорт и дека треба да направат поголем притисок врз телевизиските компании.

Европа е најдоходовниот пазар и во периодот од 2019 до 2022 година инкасирани се 1,09 милијарди долари од кои најголемиот дел се приходи од Светскиот куп во Катар.

Инфантино истакна дека сумите за купување на правата за женскиот Светски куп се разочарувачки и дека изнесуваат само еден отсто од оние за натпреварите во машка конкуренција.

Светскиот куп во женска конкуренција ќе почне на 20 јули оваа година, а домаќини се Австралија и Нов Зеланд.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дени Гатри ги најави фудбалските проби на ТФА Елит во Македонија

Професионалниот фудбалски клуб со седиште во Дубаи – ТФА Елит доаѓа во Македонија и ќе …

error: Содржината е заштитена!