Почетна / Серии / Џенифер Лопез во полициската акција „Shades of blue“ на Сител
Секоја вечер во 00.20 часот

Џенифер Лопез во полициската акција „Shades of blue“ на Сител

Харли Сантос (Џенифер Лопез) е детективка од Њујорк и самохрана мајка. Тaa е дел од тим на полицајци кои примаат мито.

Сепак, таа ги користи тие пари за да ѝ го пружи најдобриот можен живот на својата ќерка. Но, кога ФБИ ќе дознае за тоа, ја апси полицајката и за да не оди во затвор, ѝ предлагаат таа да им биде “крт”, шпион во таа група.

Границата помеѓу лојалноста, честа и предавството е многу тенка, но Харли ќе се потруди да ѝ обезбеди најдобра можна иднина на својата ќерка, но воедно да остане и достојна на задачата и секогаш да биде полицаец.

Покрај Џенифер Лопез, тука се и Дреа де Матео и Реј Лиота како дел од актерката екипа на “Секогаш полицајци”, американска серија на Сител секоја ноќ по полноќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Демоните на Да Винчи“, историска фантазија секоја ноќ на малите екрани

Во добропознатиот полноќен термин, од понеделник до петок, веднаш по трилер драмата “Пресуда”, ја гледате …

error: Содржината е заштитена!