Почетна / Забава / Светската атракција Rudimental во Скопје

Светската атракција Rudimental во Скопје

 

Авалон Продукција за крај на оваа година, го договори настапот на моментално најбараната светска атракција RUDIMENTAL. На 15-ти декември, во салата Експо Центар во Скопје, доаѓа британската drum’n’bass сензација RUDIMENTAL, каде со незаборавен диџеј сет ќе го претстават пред македонската публика својот деби албум „Home“.

Само за потсетување, во 2012. година со излегувањето на нивниот прв сингл „Feel the Love“ заедно со пејачот John Newman, директно се зацврстуваат на првото место на UK singles листа. Нивните два следни сингла „Not Giving In“ и „Waiting All Night“ со пејачката Ella Eyre, исто така стигнуваат до првото место на UK singles листа, а нивниот деби албум „Home“, ја добива наградата за најдобар албум од страна на Barclaycard Mercury 2013.

 

 

Rudimental во Скопје доаѓаат во склоп на нивната светска турнеја. Еден ден пред настапот во Скопје имаат свое шоу во спортската сала Христо Ботев во Бугарија, која како што јавуваат колегите од Бугарија скоро е распродадена. Rudimental го потврдија и своето Новогодишно headline шоу заедно со The Prodigy во О2 арена Лондон, а секако за издвојување е и нивниот настап на Snowbombing  фестивал во Австрија заедно со The Prodigy  и The Chemical Brothers.

Како гостин на Rudimental во Скопје ќе настапи со свој диџеј сет, еден од најпопуларните балкански диџеи SevdahBABY.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …