Почетна / Сапуници / Дознајте кога ќе се емитуваат нови сезони од вашите омилени серии

Дознајте кога ќе се емитуваат нови сезони од вашите омилени серии

До нашата редакција стигнаа многу прашања во врска со продолженијата на вашите омилени играни серии. ТВ Пакет ве замолува на трпение и воедно ве информира дека престојната есен ќе имате единствена можност да ги следите најновите епизоди од вашите омилени содржини.

Па така, многу наскоро очекувајте го стартот на финалната сезона од “Забрането јаболко” на Канал 5. Кој лик од познатите повторно се враќа на сцена, а кој засекогаш ќе го снема од тв екраните, дознавате многу наскоро во последните гламурозни епизоди од приказната за Јилдиз, Ендер, Кумру, Доган.

Асија или Дерин? Која ќе победи во борбата за Волкан, гледате оваа есен на Сител во добропознатиот термин за “Неверство”. Психолошките игри на изневерената на Ваше задоволство продолжуваат оваа сезона, како и последните случувања од трогателната сага за измачената “Бегалка”.

Што по смртта на главниот негативец? Ќе следува ли трошка среќа за Нефес и нејзиното дете или еден сосема нов лик комплетно ќе ги промени работите онојпат кога сѐ навидум изгледа совршено? Бидете со Сител и оваа сезона и не пропуштајте ги и новите епизоди од  мега хитот “Бегалка”.

Оваа есен очекувајте и нови предизвици за вашите херои од “За семејството”, серијата на Канал 5 што ги освои срцата на гледачите со тажните судбини на сираците и проблемите со кои секојдневно се случуваат.

Со оглед на тоа дека освен за овие серии, стигнуваат прашања и за “Женкар”, Ве известуваме дека за нови продолженија од оваа љубовна драма ќе треба да почекате. Новата сезона сѐ уште не е започната со снимање и емитување ниту во матичната земја Турција.

Бидете така. Следува богата телевизиска есен.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!