Почетна / Серии / Нови епизоди на германскиот „Доктор“ викенд на Сител

Нови епизоди на германскиот „Доктор“ викенд на Сител

Нови сезони, нови епизоди од омилената авантура за докторот од планината. Следете ја интересната германска серија секоја сабота и недела на Сител околу 12.40 часот

Во серијата се запознавме со хирургот Мартин Грубер, кој по пет години патувања во Минхен, Париз и Њујорк, решава да се врати во своето родно село по повод роденднеот на неговата мајка. Кога доаѓа во Елмау, се шокира од трагедијата што се случила – починала неговата некогашна најголема љубов, жената која се омажила за неговиот брат Ханс. По погребот, по долго време, повторно го среќава својот ментор, доктор Роман и својата внука од брат, Лили. Доктор Роман му предлага на Мартин да ја превземе неговата ординација во селото, затоа што самиот планира да се пензионира.

Имајќи ја и во предвид потребата на селаните од неговата медицинска помош, решава да остане во селото, да ја превземе ординацијата и да стане доктор во планината.

Секоја епизода, нова приказна. Секоја епизода, нов обид на Мартин и Ханс да ги спасат жртвите од несреќи во планината или планинарите заробени од изненадувачките бури. Прекрасен, но опасен планински амбиент ги очекува јунаците на оваа медицинска драма и во следните епизоди. Топла семејна приказна снимана во недопрената природа на Алпите. Драматична и возбудлива комбинација на емоции, акција и извонредна актерска екипа.
Играната германска серија “Докторот од планината” од сега во сабота и недела во нов термин, 12.40 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дружете се со „Свеќичката Оги“ сабота и недела на ТВ 24

Викенд забава на 24ка со новиот анимиран лик Секоја сабота и недела наутро во 9.50 …