Почетна / Забава / Видео | Диџеј сет на MVRTK со Dropkick Dope Entertainment

Видео | Диџеј сет на MVRTK со Dropkick Dope Entertainment

Македонскиот диџеј и продуцент MVRTK, во соработка со Dropkick Dope Entertainment снимија диџеј сет со дел од најдобрите електронски песни во моментов. Сетот беше снимен во близина на Златоврв и Манастирот Трескавец, а можете да го проследите на нивниот YouTube канал, додека листата на песни можете да ја прегледате на 1001tracklist.

За време на пандемијата од коронавирусот, ваквите настани се единствениот начин на кој љубителите на музиката и музичките ѕвезди за момент можеа да се почувствуваат како да присуствуваат на вистинска забава.

Во изминатите месеци, MVRTK издаде неколку песни кои беа поддржани од светски познати музички продуценти и диџеи како Ferry Corsten и R3HAB, а го освои и победничкото место на ремикс компетицијата на песната Paradise од Luis Torres, издадена на музичката издавачка куќа на глобалната ѕвезда Tiesto, Musical Freedom.

Dropkick Dope Entertainment, формирано од страна на Лазар Сотиров и Ѓорѓи Јованов од Неготино, започнаа со работа пред една година со изработка на диџеј сетови со цел да ја промовираат електронската музичка сцена во Македонија. Од самиот почеток сетовите се поддржани од Биотика, онлине малопродажба на спортски суплементи за спортисти и не-спортисти.

Изминатата година Dropkick Dope Entertainment успешно снимаа сетови на прекрасни локации низ Македонија како Стоби, Кокино, Вардарски рид, Бониер од кои настапуваа Alex, Methamill, Todoroff, Delovski, Fildzi и Igor Cige.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

error: Содржината е заштитена!