Почетна / Забава / Дарија Андовска на Меѓународна Трибина на композитори во Србија

Дарија Андовска на Меѓународна Трибина на композитори во Србија

Композицијата “Zugzwang” за виолина, пијано, перкусии и електроника од македонската композиторка Дарија Андовска, беше селектирана од над 200 композиции од целиот свет за изведба во рамките на 29. Меѓународна Трибина на Композитори во Белград, Србија.


Од преку двеста композиции пристигнати на конкурсот на Сојузот на композитори на Србија, во програмата се вклучени само 38 дела на автори од Србија, Македонија, Велика Британија, Германија, Унгарија, САД, Русија, Словачка, Хрватска, Јапонија и Белгија, во програм од 6 концерти, кој според селекторката Бранка Поповиќ, е исполнет со композиции кои застапуваат изразите различни естетски “гласови” на најновото творештво во современата уметничка музика во Србија и светот.
Делото на македонската авторка Андовска, за потребите на фестивалот, е снимено во концертната сала Коларац во Белград од реномираниот ансамбл Метаморфозис, а понатаму емитувано на РТС Класик.


Дарија Андовска е една од најактивните и плодни композитори во Македонија, многукратно наградувана, двапати избрана за Виртуоз – најдобар композитор во Македонија, избрана меѓу шесте најактуелни млади композитори во Европа за проектот MusMA (Music Masters on Air), прогласена за Истакнат уметник на град Цирих, а нејзините дела се изведувани на реномирани фестивали и бројни концерти во Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белгија, Кина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Грција, Франција, Англија, Јапонија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Малта, Канада, Полска, Романија, Ерменија, Турција, САД.

https://composers.rs/wp-content/uploads/2021/06/29-Tribina-2021.pdf

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поточиња, Каролина и Тамара на Карпошово културно лето

На платото кај „Млечен” и на плоштадот „Делфина” од 26 до 28 август ќе се …

error: Содржината е заштитена!