Почетна / Сапуници / Руско-турска серија на телевизија Алфа, за прв пат во Македонија

Руско-турска серија на телевизија Алфа, за прв пат во Македонија

Наскоро на телевизија Алфа започнува “Исток Запад”, првата серија снимена во руско-турска продукција. По хит драмата “Врати ми ја љубовта”, оваа телевизија ќе емитува нешто сосема ново и свежо што ќе спои два света, две култури, две традиции и ќе го создаде најголемиот мост на љубовта меѓу студената Русија и топлата земја крај Босфорот.

Приказна за една жена, чија желба да добие дете, ќе ја натера да замине од Москва и во топлиот град Истанбул да побара шанса за својата иднина. Сосема неочекувано, младата Татјана се вљубува во убавиот турски доктор, и од тогаш започнуваат интригите кои ќе ве остават без здив и ќе ве натераат длабоко да верувате во нивната љубов.

Русија и Турција… Двете големи земји ќе ги одмерат силите на љубовта, наскоро во “Исток Запад”, ексклузивно на Алфа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите на „Женски рај“ зачудени – ТВ 24 и по втор пат ја укина серијата

ТВ 24 од денес нема да ја емитува италијанската сапунска драма “Женски рај” во 21 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!