Почетна / Забава / „Црвена јабука” во Охрид – концерт на 9 август во „Антички театар”

„Црвена јабука” во Охрид – концерт на 9 август во „Антички театар”

После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука” доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид.

После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а охриѓани и сите оние кои ќе бидат присутни, на 9 август ќе се движат со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови.

Ова ќе биде уште еден настан каде ќе се потсетите на старата и добра музика, но и хитовите кои оставија белег на своето време.

„Црвена јабука” и „Антички театар” – идеална комбинација која ова лето никако не смеете да ја пропуштите.
Дојдете заедно да ужуваме во песните кои потсетуваат на едни посреќни и поедноставни времиња.

Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!