Почетна / Забава / Заврши „Фолк Фест Валандово 2024”, прочитајте кои се победниците

Заврши „Фолк Фест Валандово 2024”, прочитајте кои се победниците

Со песната „Темјана”, музика на Ванчо Димитров, текст Огнен Неделковски и аранжман на Љупчо Соколовски, 19 годишната Ангела Влинтиновска победи на 37-мото издание на фестивалот за новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово”.

Второто место припадна на песната „Љубовта е оган“ на дуетот Софија Пуровска и Никола Зацески, додека третото место го освои песната „Го чекам аберот“, а ја отпеа Габриела Новевска.

Стручните награди на фестивалот беа доделени на истите изведувачи. Така наградата за најдобар дебитант ја доби победничката Ангела Влинтовска за „Темјана“, наградата за најдобар текст му припадна на Ѓорги Барбаровски за песната „Љубовта е оган“, за второнаградениот дует Софија Пуровска и Никола Зацески.

Наградата за најдобар аранжман замина во рацете на Дарко Илиевски за песната „Спомени“, која ја испеја Сашо Башески. Награда за најдобра интерпретација доби третонаградената Габриела Новевска за песната „Го чекам аберот“.

На 24-ти и 25-ти мај, валандовската публика на Градскиот плоштад во Валандово на фестивалската сцена ги забавуваа: Драган Мијалковски, Перо Христов, Влатко Лозановски, Игор Џамбазов, „Ареа“ и Кирил Џајковски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гостување на оркестарот на Македонска филхармонија во Дубровник

Оркестарот на Македонската филхармонија на 26 септември гостуваше во Дубровник, Хрватска каде што одржа концерт …

error: Содржината е заштитена!