Почетна / Сапуници / Трчаме кон финалето на „Забрането јаболко“; подготвени ?

Трчаме кон финалето на „Забрането јаболко“; подготвени ?

„Секоја приказна се состои од здраво и збогум сѐ додека не се сретнеме повторно. Нештата што ги губиме наоѓаат начин да ни се вратат, иако можеби не на истиот начин како што сме очекувале. Но, спомените се оние кои секогаш остануваат затоа што среќните спомени болат најмногу.“

По скоро четири години емитување, дојде денот да се збогуваме со најомиленото “Забрането Јаболко”. Последна недела на Канал 5 и последни епизоди од серијата која го постави гламурот на сцена и интригите ги искачи на пиедесталот на овој вид на телевизиска програма.

Време за збогум. Време за последно поминати вечери со Ендер, Јилдиз, Кумру, Доган, Асуман, Хандан, Џанер, Емир …

Време за сите заедно да ги испратиме уникатните ликови и да ставиме крај на серијата со која се дружевме толку долго време.

Феноменот “Забрането јаболко” на чекор до големиот крај.

Дали настаните навестуваат среќен крај за дамите од големото добро утро или последната акција на злобната Џулија ќе донесе немир и тага во животот на богатите?

Ќе продолжи ли ѓаволот да носи прада …

… а оние со среќна ѕвезда да уживаат во сите благодети?

Ќе се венчаат ли Јилдиз и Доган на самиот крај, дознаваме во финалните минути поминати на Канал 5. Бидете со отворени очи затоа што крајот е блиску до нас.

Она што нѐ научија овие ликови и кое мора да го паметиме е дека кога болката ќе нѐ растажи, да не бидеме глупави, затворајќи ги очите за да плачеме.

Можеби се наоѓаме во вистинската позиција за да видиме како сонцето свети. Да бидеме мудри и да го подигнеме сопствениот глас за едно ново наше среќно утро. Само ние и никој друг можеме да ја смениме судбината и да уживаме во животот.

Онака како што уживаа ликови како Ендер, Јилдиз, Шахика. Достоинствено, гордо и среќно. Збогум со “Забрането јаболко”.

На чекор до … големото финале. На чекор до … збогум засекогаш.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!