Почетна / Серии / 4 серии во денот се репризи – до кога ќе трае ова на Телма?
Од понеделник до четврток во 22.15 часот , репризи

4 серии во денот се репризи – до кога ќе трае ова на Телма?

Додека другите национални телевизии ја започнаа новата програмска шема со нови серии, а во најава има и многу други, Телма очигледно абер нема да ги тргне репризите од својата програма.

Од јуни постојато се репризираат веќе емитувани серии од минатите сезони. Тогаш, зошто гледачите би следеле нешто премиерно на Телма кога знаат дека репризите им се загарантирани во летните, а очигледно и есенските месеци?

Никогаш во минатото, телевизии како А1 и Сител не репризирале толку многу серии, евентуално тоа е случај за малите и локални телевизии ширум земјава. Ама, затоа пак сега во 2023 година, на националната Телма без престан си течат репризи и репризи на репризи на емитувани серии.

13.30 часот – реприза на латиноамериканска теленовела, која се емитува по реприза на друга теленовела

20.20 часот – реприза на француската “Марсеј”, по што следува реприза на норвешката “Северна ѕвезда”

22.15 часот – реприза на германската “Вавилон Берлин”, по што следува реприза на српската “Беса”

23.35 часот – трета реприза на мексиканската “Рубироса” по што следува којзнае која по ред реприза на британската “Викторија”.

До нашата редакција стигнаа прашања во врска со премиерни серии на Телма, но за жал во моментов ништо околу тоа не можеме да информираме. Затоа, ќе информираме за премиерното емитување на сериите на Сител, Канал 5 и Алфа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова српска хумористична серија за викенд на Канал 5

Кои се луѓето кои најдобро можат да ве разберат, да ви помогнат…со кои можете да …

error: Содржината е заштитена!