Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Патот до успехот” со потсетување на последното интервју со Бјелица

„Патот до успехот” со потсетување на последното интервју со Бјелица

Во сеќавање на Исидора Бјелица, “Патот до успехот” на ТВ 24 во понеделник (10 август 2020) ве потсетува на нејзиното последно интервју. Насмеана и уникатна, баш онака какошто ќе ја паметиме. 

Српската писателка Исидора Бјелица почина минатава недела во Белград на 52 години. Родена е на 10 декември 1967 во Сараево, каде завршила гимназија, а во Белград дипломирала и магистрирала на Факултетот за драмски уметности. Освен по бестселерите, Бјелица беше препознатлива и по шапките кои со тек на време станаа нејзин заштитен знак.

Во 2012 ѝ беше дијагностициран рак по што ѝ беа отстранети двата јајника и матката, а таа често отворено изјавуваше дека освен со болките, мора да се бори и со психата, бидејќи ракот го сметаше за елегантно самоубиство. За да ги плати лекувањата во странство, Бјелица мораше да продаде околу 3 илјади ретки книги.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И „Пеколна кујна“ се најде меѓу репризите на српски емисии на Алфа

По ДНК, Необјавени приказни, Семејни тајни, Работна акција… следува уште една репризна емисија на Алфа. …

error: Содржината е заштитена!