Почетна / Сапуници / Чагатај Улусој и Киванч Татлитуѓ во конфликт со контроверзна продуцентка

Чагатај Улусој и Киванч Татлитуѓ во конфликт со контроверзна продуцентка

Обожавателите на Чагатај Улусој и Киванч Татлитуѓ со нетрпение го очекуваат враќањето на нивните омилени ѕвезди во ТВ сериите. Сепак, изгледа дека актерите имаат сосема поинакви планови и нема да се вратат на телевизија.

Според турските медиуми, Чагатај Улусој одбил нова ТВ серија базирана на приказна на Ѓулсерен Будајчиоглу, која му била понудена летово. По него, Киванч Татлитуѓ исто така одби понуда да глуми во нова ТВ серија. Според гласините и двајцата актери решиле да не глумат во ТВ серии каде има насилство врз жените.

Друга гласина тврди дека не станува збор за проблем со насилството, туку дека двајцата пријатели решиле да се оградат од продуцентката на сериите. Имено, продуцентката е на мета на критиките затоа што е поранешен психолог, а ја обвинуваат дека профитирала од личните приказни на нејзините пациенти.

Сепак, причината можеби е многу побанална: на суперѕвездите секогаш им се нудат десетици нови проекти, кои честопати ги одбиваат затоа што не им се допаѓа сценариото или ликот. Исто така, можно е воопшто да не им биле понудени нови ТВ серии и ова е само ПР за таблоидите, публиката и продуцентите да не ги заборават актерите.

Но, актерите дефинитивно нема да останат без работа. Според „Хуриет“, Чагатај Улусој моментално е на заслужен одмор далеку од големиот град, заедно со неговата сакана Дујгу Саришин. Актерот не само што одмара, туку се подготвува за нова улога.

Што се однесува до Киванч Татлитуѓ, тој штотуку заврши со работа на голем нов проект, каде негова колешка е Берен Саат.

На малите екрани кај македонската публика, Чагатај и Киванч се актуелни во главните улоги на сериите „Девојката со име Фериха“,  „Ѓумуш“, „Украдено минато“, „Браќата“ итн.

„Инсајдер“ е серија на една од најголемите продуцентски куќи во светот – Ay Yapim од Турција и се смета за најгледана онлајн серија на сите времиња. Серијата ја следи приказната за двајцата браќа, Сарп Јилмаз (Чагатај Улусој) и Умут Јилмаз (Арас Булут Инемли), кои биле разделени како деца и кои по многу години повторно се сретнуваат, но сега двајцата се на различни страни од законот.

Серијата „Инсајдер“ се емитува репризно секој работен ден од 17:30 на Dizi.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рудници на страста” – нова дневна теленовела на Телма

Нова продукција на Телевиса, теленовела полна со предавствa, интриги, одмазда и моќ. Во главните улоги …

error: Содржината е заштитена!