Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Британското гејм шоу „Гола привлечност“ за викенд на Канал 5

Британското гејм шоу „Гола привлечност“ за викенд на Канал 5

Нешто сосема ново на малите екрани. Секоја сабота и недела во 23 часот на Канал 5 телевизија ќе се емитува британското гејм шоу “Naked attraction”.

Шоу во кое се бираат партнери на база на нивната “гола привлечност” и првични инстинкти.

Една личност се соочува со шест голи луѓе кои првично се скриени. Нивните тела и лица постепено се откриваат низ последователни кругови, од стапалата нагоре.

Во секоја рунда, натпреварувачот елиминира по едно голо лице додека не останат само две, кога избирачот исто така се соблекува за да го направи конечниот избор. На крајот по направениот избор, избирачот оди на состанок со таа личност, нормално и двајцата целосно облечени.

Британската радиодифузија се соочи со критики поради емитување на оваа телевизиска емисија, но сепак ставот беше дека не се прикажуваат никакви сексуални дејствија за да биде забранета за емитување.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злате Мехмедовиќ: Кога жена е во ПМС, мажот треба да си пие апчиња!

Дали балканските мажи излегуваат од мода, а нивното место го заземааат современите мажи? Вечна дилема …

error: Содржината е заштитена!