Почетна / Сапуници / „Бодрумска приказна“, нова семејна викенд драма на Сител телевизија

„Бодрумска приказна“, нова семејна викенд драма на Сител телевизија

Во наредните месеци на телевизија Сител секоја сабота и недела во 21.30 часот ќе се емитува турската надсинхронизирана драма “Бодрумска приказна”.

Приказна од источниот брег на Белото море за животот на една фамилија, обвиен со мали и големи тајни, кои ќе заживеат со секоја нова случка, во секое утро, секој ден и секоја ноќ.

Eврен Ерѓувен живее во Истанбул луксузен живот со својата жена Јилдиз, ќерката Су и синот Атеш. Поседува ланец на хотели, а меѓу нив и неколку во туристичкото место Бодрум, каде оди често и каде тајно се гледа со неговата љубовница. Животот на семејството се менува кога поради погрешни одлуки, бизнисите на Еврен доживуваат банкрот.

Губат буквално сè, освен една мала трошна куќа на Јилдиз во Бодрум и половина од сопственоста на хотел кој се наоѓа исто така во Бодрум. Ако дотогаш беа навикнати на убав и раскошен живот, сега ќе мора да се прилагодат на нешто сосема ново, во сосема друг град и со сосема други навики. Нивната преселба во Бодрум ги менува судбините на овие ликови.

Атеш и Су ги оставаат своите богати пријатели во Истанбул, а во Бодрум ќе мора да најдат нови кои ќе бидат поразлични од оние претходните. Нема да биде лесно за нив да запишат државно училиште и да почнат да работат како би помогнале на семејството, но затоа тука ќе бидат нивните нови пријатели, Келебек и Асли да им пружат помош во секое време.

Доаѓањето во Бодрум ќе предизвика проблеми и во бракот на Јилдиз и Еврен. Едната половина од хотелот им припаѓа на нив, но другата му припаѓа на Фарјали, кој се испоставува дека е поранешен дечко на Јилдиз. Фарјали никогаш не ја заборавил старата љубов, а таа сè уште гаи некакви чувства кон него.

Тајната за неверството на нејзиниот сопруг ќе ја разниша нејзината љубов и доверба кон сопругот, а разочарувањето само тогаш ќе може да се надмине со помош на некој што е многу блиску до неа и што секогаш бил во мислите со неа. А тоа е никој друг освен нејзината стара љубов од Бодрум кој ќе испише нова бодрумска приказна во животот на Јилдиз.

Улоги : Şevval Sam (Јилдиз), Timuçin Esen (Фарјали), Murat Aygen (Еврен), Alperen Duymaz (Атеш), Dilan Çiçek Deniz (Су)​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Феноменот “Кога лисјата паѓаат” доби нова надсинхронизација на Алфа

Eмотивната семејна драма прикажувана во 2010 и 2011 година на најгледаната телевизија А1 повторно на …

error: Содржината е заштитена!