Почетна / Серии / На другите тв одат премиери – само ТВ 24 со репризи, сега и „Афера“

На другите тв одат премиери – само ТВ 24 со репризи, сега и „Афера“

Психолошката драмска серија “The affair” повторно на ТВ 24, секој викенд во 22.30 часот. Наместо нова серија, ТВ 24 реши повторно да репризира серии ова лето, и тоа се репризираат буквално сите, веќе претходно емитувани. За разлика од ТВ 24, сите останати телевизии емитуваат премиерна програма.

За ппотсетување, „Афера“ ги истражува емоционалните ефекти на вонбрачната врска помеѓу новинарот Ноа, кој има сопруга и четири деца, и Алисон, млада келнерка која се обидува да ги склопи својот живот и бракот пред една трагедија. Двајцата се запознаваат во едно мало место и тогаш започнува нивната афера, раскажана од две различни гледишта, доживеана од страна на мажот и од страна на девојката.

Оваа генијално снимена емотивна студија за сложените вонбрачни врски тешко може да се спореди со сите серии што сме ги виделе досега.

На гледачите најпрво им се раскажува приказната од една перспектива и токму кога гледачите го носат својот суд за прељубникот и за измамената, приказната добива нова перспектива – ситуација видена низ очите на другиот лик.

Серијата Афера (The Affair) е добитник на три награди „Златен глобус“, а во своите редови ги има актерите Доминик Вест, Џошуа Џексон, Мора Тиерни и Рут Вилсон, сите големи и наградувани имиња, со серии како „Нарко-мрежа“, „Лутер“ и „Итна служба“ зад себе.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Преспав“ се враќа со петта сезона – очекувајте го стартот на МРТ 1

Од идниот месец на Македонската телевизија следува нова, петта сезона од популарната серија „Преспав“. Снимањето …

error: Содржината е заштитена!