Почетна / Телевизија / Blizoo со 4 нови канали од платформата на Discovery

Blizoo со 4 нови канали од платформата на Discovery

 

Телекомуникацискиот оператор за двегодишнината од своето постоење на македонскиот пазар, го воведе комплетното портфолио на Discovery, вклучувајќи македонски превод на каналите и бесплатни КА модули за корисниците на HD пакетот

Почнувајќи од денес, Телекомуникацискиот оператор „Близу“ додаде уште 4 нови канали од платформата на Discovery во својата програмска понуда, од кои дури три се со висока резолуција. Каналите TLC, Animal Planet HD, Discovery Science HD и Discovery Showcase HD отсега ќе бидат бесплатно вклучени во дигиталната платформа на операторот, без никаква дополнителна доплата за нив. Со додавањето на овие канали, „Близу“ е единствениот оператор во Македонија кој го има интегрирано целосното портфолио на најгледаната платформа на канали во Македонија, Discovery. Истовремено, во каналите Discovery, TLC, Animal Planet и Animal Planet HD ќе биде вклучен македонски превод.

 

 

TLC e канал со забавна содржина кој обработува теми поврзани со патувања и светски искуства. Animal Planet HD, Science HD и комплетно новиот канал Showcase HD обработуваат исклучително забавни теми поврзани со науката, природата, човечкото тело и неговите граници. Каналот TLC е бесплатно додаден во пакетот ДТВ, додека другите три канали се бесплатно додадени во HD пакетот, со што бројот на HD канали се зголемува на 13, правејќи го „Близу“ единствен оператор со најголем број на ХД канали во Македонија.

HD каналите ќе може да се гледаат на бесплатниот КА модул кој овозможува следење на дигитална телевизија без ресивер. Уредот претставува електронска направа во која се вметнува Conax картичка и се приклучува директно на телевизорот.

„Дополнувањето на дигиталната платформа со 4 нови канали и бесплатните КА модули се само продолжување на тековните есенски промотивни понуди и истовремено се и добар начин да го одбележиме вториот роденден на „Близу“  во Македонија“, изјави Искра Секуловска, Маркетинг директор.

„Близу“ е оператор присутен во земјата од 2011 година, кој на телекомуникацискиот пазар нуди пакети со три услуги (дигитална телевизија до 120 дигитални и 13 HD канали, неограничен интернет со брзини до 50 Mbps и телефонија со неограничени бесплатни разговори), кои се на специјални промоции во тековниот период.  

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …