Почетна / Сапуници / Мурат од „Луда куќа“ има голем порок што ѝ пречи на неговата девојка

Мурат од „Луда куќа“ има голем порок што ѝ пречи на неговата девојка

32 годишниот Акин Акинозу се прослави со улогата на Миран во турската серија „Дива“ која се емитуваше на ТВ Сител, а ова лето го следиме во комедијата “Луда куќа” која се прикажува на Канал 5.

Миран по професија е математичар, но надвладеала неговата љубов кон актерството, што му донесе голема популарност.

За жал на припадничките на понежниот пол, турскиот актер е во долгогодишна врска со својата девојка Сандра Плестемлаџијан, но не можеше да одолее на флертувањето на социјалните мрежи и тоа со девојките кои постојано му даваат комплименти.

Имено, според медиумите, Акин преку своите “нечесни” потези бил фатен на дело од својата девојка.

Сандра сакала да го остави поради неговиот порок, но тој ветил дека ќе ги избрише сите недолични постави и одговори на социјалните мрежи и нема повеќе да флертува со обожавателките.

Инаку, актерот токму со улогата во “Дива” успеа да добие голем број на награди како најдобар актер во драмска серија, а пред “Дива”, главна улога имаше и во “Луда куќа” каде толкува сосема поинаква улога.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови епизоди од „За семејството“ во сабота и недела на Канал 5

Ги известуваме гледачите на телевизиската серија “За семејството” дека новите продолженија ќе се емитуваат во …

error: Содржината е заштитена!