Почетна / Серии / Бирографската драма за „Тајниот живот на Мерлин Монро“ на МТВ 1
Секоја сабота по централниот Дневник - мини серија на Прва

Бирографската драма за „Тајниот живот на Мерлин Монро“ на МТВ 1

Серијата ни ги открива најмрачните тајни на славната Мерилин Монро. Кели Гарнер ја глуми легендарната Мерилин Монро, а во улогата на нејзината мајка, која ја крие од јавноста поради болест, ќе ја видиме Сузан Сарандон. Младата Норма Џин Мортенсон живее осамено, без љубов и без мајка ѝ. И покрај сѐ, таа ќе „процвета“ во духовита, умна и амбициозна жена, која наскоро станува симбол на едно време.

Таа ужива во статусот на ѕвезда која очајнички бара одобрување и машка заштита. Надворешниот свет никогаш не успева да „допре“ до вистинската Мерилин, жена, која по многу нешта се разликува од својата јавна личност. Како станува сѐ пославна, сите нејзини 3 брака пропаѓаат, а таа не може да ги контролира своите внатрешни демони и менталната болест која ја наследила од мајка ѝ, кон која чувствува љубов, омраза и очајничка желба да ја спаси.

Серијата има 3 номинации за наградата „ЕМИ“, како и многу други награди и признанија. Во главните улоги ќе ги гледаме Кели Гарнер, Сузан Сарандон, Ембет Давид, а серијата ќе се емитува секоја сабота во 20.15 часот на МТВ 1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!