Почетна / Филм / Белгиска акција и американски хорор во неделното кино на МТВ 1

Белгиска акција и американски хорор во неделното кино на МТВ 1

Поради истекување на гас, се случува силна експлозија и пожар во еден облакодер… Двајца тинејџери се заглавени во лифт на 20-от кат. Ќе успеат ли нивните родители, кои се во истата зградана 60-от кат, да дојдат до нив и да ги спасат? Клер Форлани, Џејми Бамбер и Рили Џексон вечерва во 21 часот во француско белгиската акциона авантура “Кристален пекол”.

По завршувањето на овој филм, во 23 часот следува американскиот акционен хорор “Воорушена реакција” со Весли Снајпс, Ен Хеч, Дејв Анејбл и Колби Лопез во главните улоги.

Режисерот Џон Стоквел ќе ни претстави тим од специјални воени сили ќе се најде во стапица во една изолирана воена база. Како заробеници тие доживуваат чудни и натприродни појави, а по средбата со еден осамен но опасен терорист, работите стануваат уште позаплеткани.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

12 јануари, МРТ 1 | Психолошки трилер со Никол Кидман и Николас Кејџ

Тричленото семејство Милер е вовлечено во застрашувачка игра на мачка и глушец. Психолошкиот трилер на …

error: Содржината е заштитена!