Почетна / Сапуници / „Бегалка“, најпотресната серија на сите времиња наскоро на Сител

„Бегалка“, најпотресната серија на сите времиња наскоро на Сител

Неверојатна приказна за една силна жена и една пожртвувана мајка. Серија која ги растрепери сите оние кои ја погледнаа и слушнаа судбината на девојката, која од робинка на немилосрдната традиција стана бегалка и борец за среќата на најмилото.

Долга и мачна ќе биде битката на бегалката да се сокрие од оној кој цело време ќе ѝ стои зад петици. Од оној кој ќе ја бара и под дрво и под камен. Од тој од кој и сега нема да има мир и спокој.

Но, за среќата на своето дете, бегалката ќе мора да се жртвува, да бега и да се крие, да сонува и да се надева, да живее со мислата дека никогаш повеќе нема да ги доживее истите кошмари.

Наскоро на Сител доаѓа најтрогателната турска серија на сите времиња. “Бегалка” е серија со тажен почеток и неизвесен крај, серија која ќе ве помести од местата и ќе ве натера да осудите, да сочувствувате и силно да верувате.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мајка“ стана „Време на поаѓање“ – Дизи каналот импровизира со наслови

Во низата серии кои кабловскиот Дизи канал ги репризира, а се веќе емитувани на македонските …

error: Содржината е заштитена!