Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Јоце Панов: Јас не познавам човек чиј дедо бил роден во Скопје

Јоце Панов: Јас не познавам човек чиј дедо бил роден во Скопје

Во минатонеделното издание на емисијата „Нешто конкретно“ на телевизија Телма, пејачот Јоце Панов беше дел од гостите кои што зборуваа на тема – “сељачизам”.

Сељачизмот го однесе муабетот и до „болниот“ збор провинција, па гореспоменатиот ги запраша своите соговорници „што те прави скопјанец, дали треба само да се родиш тука“ и веднаш потоа изјави дека лично не познава човек што дедо му бил роден во Скопје. Оваа изјава ги запали старите скопјани на социјалните мрежи. А гореше и на тема турбо-фолк.

Имено, Пеце од Суперхикс изјави дека нема пара на светот што ќе го натера да запее таква музика, па на изјавата на Јоце Панов дека него најмногу му лежат шлагерски рефрени тој му реплицише – Aма не ти смета да си запееш и по некој турбо-фолк.

Како капак на се, во емисијата за господин беше прогласен Аца Лукас, се разбира ако го споредиме со денешната багра, рече Милошевски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва гласаме за бројот 1 на 145 333 за победа на Мики во „Гранд“

Македонскиот идол Мики Секуловски е еден од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент …

error: Содржината е заштитена!