Почетна / Забава / Авалон го носи Tiesto во Скопје на 16-ти јуни на стадионот на АРМ

Авалон го носи Tiesto во Скопје на 16-ти јуни на стадионот на АРМ

Најголемиот регионален настан на електронска музика ова лето ќе се случи во Скопје со најголемата и најконзистентна ѕвезда на електронската музика на сите времиња- TIESTO!

Тој доаѓа во Скопје на 16-ти јуни на стадионот на АРМ, поголем од било кога досега и неговиот настап е ексклузивен, ако се земе во предвид дека последниве неколку години настапува или во Америка или само на големи фестивали какви што се Ultra Music и Tomorrowland.

На светската музичка сцена TIESTO важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што го заслужи уривајќи ги сите рекорди за секое негово издание. TIESTO е единствениот артист кој гордо и заслужено во последниве неколку години ги носи титулите, „The Pope of EDM“ и  „The greatest DJ of all time“, според магазинот Mixmag, „No. 1 DJ“ според магазинот Rolling Stone и „The Godfather of EDM“ според Billboard.

Се разбира дека настапот на TIESTO ќе биде проследен со светска продукција, звук и светло и се разбира дека сме горди што македонската и регионалната публика ќе уживаат во многуте негови хитови, меѓу кои и: „The Business“, „The Motto“, „Don`t be shy“, „BOOM“, „Ritual“, „Secrets“ и уште многу други.

Влезниците за овој ексклузивен настан кој ќе биде со ограничен капацитет се пуштени преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1.500 денари

ФАН ПИТ: 2.000 денари (само  1.000 влезници во продажба)

ВИП: 3.000 денари (само 300 влезници)

Now, let`s get down to business!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!