Почетна / Забава / Концерти на Амира, Дарко Рундек и Жељко Бебек во Хераклеа
Носењето на заштитни маски е задолжително за сите посетители и без нив нема да биде дозволен влез на концерт

Концерти на Амира, Дарко Рундек и Жељко Бебек во Хераклеа

Авалон Продукција се потруди да ги исполни желбите и на битолчаните да имаат барем неколку културни настани ова лето, а исто така и на изведувачите коишто ќе настапуваат во Охрид, да настапат и во Битола. Па така, публиката по по следниот редослед ќе може да ги види следните артисти во следните денови:

Амира Медуњанин- 08-ми август, почеток 21 часот
Дарко Рундек- 14-ти август, почеток 21 часот
Жељко Бебек- 22-ри август, почеток 21 часот

Покрај со помош на Алкалоид- Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Казино Фламинго- Скопје, Винарија Тиквеш и Божиновски часовници и накит, овие концерти ќе се реализираат и под покровителство на општина Битола, следејќи ги договорените протоколи на Министерството за здравство под кои Авалон ќе работи во наредниот период.

Во продажба ќе бидат пуштени само 600 влезници од концерт, и тоа преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, Avalon Music & Ticket Store и онлајн на avalon.mk, по цена од 600 денари по концерт.

Побрзајте со купување на влезниците бидејќи истите се во ограничен број. Потсетуваме дека носењето на заштитни маски е задолжително за сите посетители и без нив нема да биде дозволен влез на концерт.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деветто издание на прилепскиот Џез фестивал на 27, 28 и 29 август

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, на 27,28 и 29 август 2020г, …

error: Содржината е заштитена!