Почетна / Забава / Авалон ги враќа Thievery Corporation на бис во Скопје

Авалон ги враќа Thievery Corporation на бис во Скопје

Веројатно еден од најдобрите светски концерти на сите времиња одржан во Скопје е оној на Thievery Corporation на Стадионот на АРМ, 20-ти јуни, 2017та година.
Кај Авалон продукција не престана желбата да се повтори таа вечер затоа што имале барања за повторна средба со Thievery Corporation во Скопје.

Па така, Авалон со големо задоволство ги најавуваат навистина генијалните ТHIEVERY CORPORATION во Скопје на 03 јули на истото место, со промоција на последниот албум, како и сите нивни стари, добро познати теми.

Влезниците се пуштени во продажба  преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1.500 денари
ФАН ПИТ: 2.000 денари (само 1.000 влезници во продажба)

Маестралните Thievery Corporaton се враќаат во Македонија во комплетен состав, а Скопје може да очекува вистински спектакл.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

error: Содржината е заштитена!