Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Аранудова: Кога почнав да пејам, не ни знаев дека татко ми е музичар

Аранудова: Кога почнав да пејам, не ни знаев дека татко ми е музичар

Во „Нешто конкретно” изминатава недела гости беа Кристина Арнаудова, Александар Јосифовски, Костадин Костадинов и Сања Васовиќ. Зборуваaa на тема Поддршка или критика – што не тера повеќе да успееме?

Секако во студиото беа успешни луѓе, а тие раскажаа што сакале да бидат како мали, па дознавме дека градоначалникот мечтаел да биде пилот, а пејачката многу сакала да работи во трафика.

Знаат ли да прифатат конструктивна критика? Како да се оди напред ако не се добие поддршка од најблиските?

Слушнете како Кристина Арнаудова со сопствени сили стигнала таму каде што е сега, како од мали нозе барала начин самата да стигне до спонзор за песна, албум и дали добива поддршка од најблиското семејство за она што го работи.

„Нешто конкретно” се емитува секоја недела во 17.00 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Антониа Гиговска открива кога една жена решава да изневери

Во новата епизода од поткастот ” Равенка за успех ” кај Маја Поцевска на гости …

error: Содржината е заштитена!