Почетна / Телевизија / Анкетата на АВМУ покажува – Сител е најгледана и за 2018-та година

Анкетата на АВМУ покажува – Сител е најгледана и за 2018-та година

Макфакс објавува – Сител телевизија е најгледан медиум кај македонските гледачи и минатата, 2018та година. Повеќето од испитаниците во анкетата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги одговориле дека лани на дневна и неделна основа гледале „Сител“. На дневна основа „Сител“ гледале 38,85 отсто, објави Макфакс.

Податоците од истражувањето на АВМУ покажа дека во сите четири квартали оваа национална телевизија била најгледана. Според анкетата на Агенцијата, на неделно ниво „Сител“ ја следеле 52,85 отсто од испитаниците. Веднаш по неа, дневно гледачите најмногу ја следеле „Канал 5“, со 30,84 отсто, а потоа се „Телма“ и „Алсат-М“. Јавниот радиодифузен сервис е на петтото место во оваа категорија, а зад МТВ1 се „ТВ 24“ и „Алфа“. Од осмото до единаесеттото место се странските канали „Фокс“, „Спорт клуб“, „Дискавери“, „Нешнл џиографик“.
35,5 отсто од испитанците изјавиле дека најмногу гледаат вести, 20,4 отсто информативна програма, 10,8 отсто забавна и музичка програма, 9,7 отсто сериски филмови.
Анкетирањето е направено со CATI-метода – телефонско интервју со помош на компјутер. Вкупниот примерок го сочинуваат 9.600 испитаници.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професионални медиуми се клучни во борбата против дезинформациите

Директорот на ААВМУ  – Зоран Трајчевски учествуваше на регионалната онлајн конференција за справување со предизвиците …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!