Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Алфа со премиерна забавна програма за дочек на 2021-ва година

Алфа со премиерна забавна програма за дочек на 2021-ва година

Забавата е вечерва на Алфа телевизија

Алфа во соработка со Балкан мјузик ТВ и Арт-студио снимија премиерна новогодишна ТВ програма, која на фреквенцијата на Алфа ќе се емитува на 31 декември со почеток во 22 часот.


Водителка на програмата ќе биде Ирена Спировска, а преку малите екрани ќе чуете познати македонски песни, како и актуелни хитови од македонската и екс ју естрадата.

Доколку решите новогодишната ноќ да ја поминете со Алфа, по српската и бугарската сапунска драма, следува џумбус со Благица Павловска, Благоја Грујовски, Стојне Николова, Влатко Миладиновски, Елена Андоновска, Адријана Ацевска, Јуле Николовска, Ташко Каранфиловски, Ристе Гавровски, Оливер Алексовски, Димитар Андоновски, Ивана Серафимовска, Марија Качаниклиќ, Даце Николовски, Орде Неделковски, Благојче Стојановски – Туше, Живе Мешуревски и Марија Митревска, како и луда свирка на Ферус Мустафов и неговиот магичен саксофон во комбинација со ориенталната атрактивна танчарка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лозано мораше да бира – Тамара Тодевска или Антониа Гиговска?

Доколку нема нешто ново во неговата музичка кариера, поп – пејачот Влатко Лозаноски не гледа …

error: Содржината е заштитена!