Почетна / Сапуници / Алфа продолжува со укинувањa – исчезна и српската „Игра на судбината“

Алфа продолжува со укинувањa – исчезна и српската „Игра на судбината“

Откако минатата година беше изненадно прекината српската сапуница “Вистини и лаги”, оваа година изненадно укината и уште една српска сапуница која изминативе месеци се прикажуваше на Алфа.

Овојпат замина “Игра судбине” која без никаква најава беше прекината по над 210 емитувани продолженија. За споредба, овие српски серии во целост се емитуваат во бившите земји од екс ЈУ регионот, но во Македонија, националната Алфа реши да ги укине.

И на место на “Игра на судбината”, во 21 часот се репризира домашна емисија снимена одамна и репризирана многупати досега.

И не се само српските серии оние кои беа укинати.

Минатата недела по само две емисии беше укината турската емисија “Снаи и свекрви”, а пред тоа беа прекинати и бугарските серии “Украден живот” и “Патот на честта”.

Во низата укинати серии се и турските серии “Сахра”, “Прости ми”, “Долина на волците”, “Крв и солзи”, aмериканската “Обвинителка”, руската “Фитнес” …

Најгледаните македонски телевизии како Сител, Канал 5 и Алсат во последниот период не се случило да прекинат серија и со тоа да ја разнишаат довербата на своите гледачи. Алфа тоа го прави со повеќето премиерни серии кои ги емитува, но затоа пак непречено течеа и течат репризи на турски серии кои со неверојатен успех се прикажуваа премиерно на А1 и Канал 5 телевизија.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!