Почетна / Забава / Суперстар диџејот Afrojack со настап на Ohrid Calling 2017

Суперстар диџејот Afrojack со настап на Ohrid Calling 2017

 

Сакаме да ве информираме дека еден од најпознатите светски музички артисти на денешницата, суперпопуларниот диџеј AFROJACK, премиерно ќе настапи ова лето во Македонија, и тоа на второто издание на фестивалот OHRID CALLING 2017, ноќ спроти Илинден, на 01 август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Поради фактот што AFROJACK е еден од најтиражните изведувачи на дeнешницата, а воедно можеби и највлијателниот диџеј и продуцент, неговото доаѓање во Македонија со нетрпение се очекуваше во целиот регион. Зад себе има Греми награда, а неколку години по ред, како и годинава, се наоѓа во топ 10 најдобри диџеи според сите релевантни диџеј листи.

 

Nick van de Wall, во јавноста познат како AFROJACK е помеѓудругото е познат и со соработките со David Guetta, Beyonce, Pitbull, Ne-Yo, Nicki Minaj и Skrillex, коишто се само дел од светски познатите музичари со кои тој досега соработувал. Светската популарност ја стекнува со првиот албум, насловен „Forget the World“ кој го лансираше во ѕвездите и му го осигура место на сите големи светски и европски фестивали, како: Ultra Music Festivals, Tomorrowland, а тука се и редовните резидент свирки во клубовите низ Ибица. 

AFROJACK ќе настапи како хедлајнер на првиот ден од фестивалот OHRID CALLING 2017, и сите љубители на неговата музика ќе имаат можност во живо да ги чујат неговите најпознати хитови, додека главната улога на вториот фестивалски ден ќе му припадне на веќе најавениот артист, светски познатиот диџеј и продуцент HARDWELL.

Инаку од оваа година, фестивалот OHRID CALLING ќе добие една поинаква димензија, па така фестивалот кој за брзо време стана препознатлив бренд во Македонија и на Балканот, годинава ќе трае два дена, од 01 до 02-ри август, со што Охрид навистина ќе стане огромна туристичка атракција ова лето за посетителите од цела Европа. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ 24 со емисија за отворањето на штипско „Angels cafe“

Во недела (8ми септември) во 17.45 часот на телевизија 24 ќе се прикажува новото издание …