Почетна / Сапуници / Која е мистериозната жена под превезот во серијата „Женкар“?

Која е мистериозната жена под превезот во серијата „Женкар“?

И кога сѐ се чини совршено и спокојно во животот на големата босфорска фамилија од хит серијата “Женкар”, гледачите останаа зачудени од појавувањето на новиот лик во последните епизоди.

Лик кој навестува вистинска бура на случувања кои засекогаш ќе го променат животот на вашите Корханови.

Мистериозната жена под превезот е тука за да ги израмни сметките од минатото и да се одмазди за тоа што Корханови му го направија на Океш ага.

Мистериозната жена под превезот нема да бира средства за да го уништи богатото семејство и да донесе немир и тага во нивните животи.

Следува ли пекол каков што не може ни да замислиме? Следува ли вистинска бура во големата вила која ќе донесе крв што нема да може да се сопре и солзи кои нема да може да пресушат?

Ги гледаме последните недели од втората сезона на “Женкар” на Канал 5 и се надеваме на повторна среќа за нашите Корханови.

Дани  | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Трите сестри“ заминуваат на летен одмор, но една од нив останува со вас

Вечерва на Сител телевизија ќе биде емитувана последната епизода за оваа сезона на “Трите сестри”. …

error: Содржината е заштитена!