Почетна / Филм / Данската историска романса „Кралска афера“ на 14 јуни на Телма

Данската историска романса „Кралска афера“ на 14 јуни на Телма

Во 1767 година, британската принцеза Каролин е венчана за лудиот крал на Данска, Кристијан VII. Нејзиниот живот со превртливиот монарх, во непозната земја, станува мизерен и досаден. Кристијан наскоро ќе добие придружник, Германецот д-р Јохан Струензе, тивок идеалист човек на Просветителството.

Како единствениот што може да влијае на кралот, Струензе е во состојба преку Кристијан, да започне со опсежни реформи во Данска.

Тајната афера на Каролин и Јохан ќе се покаже како трагична грешка што нивните конзервативни непријатели ќе ја искористат во своја полза. Следува конфликт кој бара жртви од љубовниците.

Нивната страст засекогаш ќе ја промени нацијата во “A royal affair”, романса од 2012 година на Телма премиерно во петок, 14 јуни во 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!