Почетна / Сапуници / ААВМУ ја опомена Алфа : „Величествениот“ не смее да оди дење
Алфа ја емитува турската серија во 16.15 часот со реприза во 10 часот наутро

ААВМУ ја опомена Алфа : „Величествениот“ не смее да оди дење

По добиена претставка од физичко лице, извршен е вонреден програмски надзор од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги врз ТВ Алфа за почитувањето на обврските за заштита на малолетната публика.

При надзорот, како што известува Агенцијата, било утврдено дека првите четири епизоди од играниот серијал „Величествениот “, емитувани на 30 ноември, на 1, 2 и на 3 декември 2021 година, биле погрешно категоризирани и означени како програма од втора категорија (+8), а емитувани во несоодветен временски период од деноноќието, односно пред 20:00 часот.

Тв Алфа има обврска во рок од 30 дена по приемот на решението да го усогласи своето работење  со одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилникот за заштита на малолетната публика.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Миран од „Дива“ се враќа во нова урнебесна комедија на Канал 5

“Луда Куќа”, нова семејна комедија на Канал 5 телевизија. Додека ги следите последните епизоди од …

error: Содржината е заштитена!