Почетна / Забава / Евровизија / Кој е нашиот евровизиски претставник за 2015-та?

Кој е нашиот евровизиски претставник за 2015-та?

 

МРТ открива – Кој ќе се натпреварува за да оди на Евровизија

 

 

Денеска, Македонската радиотелевизија ги објави сите учесници и песни на фестивалот кои ќе се борат за победа и претставување на Македонија на јубилејниот 60-ти Избор за песна на Евровизија во Виена 2015. Стандардни музички имиња кои не пропуштаат ниеден фестивал, подзаборавени пејачи кои се појавуваат само од фестивал на фестивал и некои нови музички имиња ќе пејат на скопската сцена во Метрополис Арената во ноември по што победата ќе ја изгласаат подеднакво стручно жири и македонската публика преку телевоутинг. За водител на фестивалот се планира актерот Васил Зафирчев.

 

 

Имињата кои ќе се најдат на овој фестивал заедно со песните кои ќе ги изведуваат се:

01.        Север – Југ   –  Ристо Самарџиев и   Влатко Илиевски

02.        Ало   – Лена Заткоска

03.        Во твојот свет  – Александра Јанева

04.        Знам   – Наде Талевска

05.        Сакам да летам – Сања Ѓошевска

06.        Ми фали некој како тебе – Викторија Лоба

07.        Миг без тебе  – Горан Наумовски и Сања Керкез

08.        Сонце низ облаци – Лидија Кочовска и Марјан Стојановски

09.        Сакам да летам – Вера  Јанковиќ

10.        Да не те сакам – Евгенија Чанчалова

11.        Совршена бура   – Даниел Кајмакоски

12.        Брод што тоне  – Тамара Тодевска

13.        Марија  – Александар Тарабунов и Тони Михајловски

14.        Се што ти ветив  – Димитар Андоновски

15.        Само за тебе – Верица Пандиловска

16.        Пеколно ми недостасуваш   – Тања Царовска

17.        Длабоко во себе – Мијата

18.        Ни Љ од љубовта  – Јоце Панов

19.        Срце чува спомени – Александра Михова

20.        Блуз – Сашо Гигов-Гиш

 

.

И годинава, на Скопскиот фестивал ќе бидат доделени вредни парични награди, од кои едната за животно дело, којашто МРТ и овојпат ја доделува на личност , чијшто авторски и професионален кредибилитет е неодминливо поврзан со востановувањето и афирмацијата на Скопскиот фестивал, но исто така и со  историјата на македонската забавна музика и музичка култура воопшто.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

МРТ меѓу првите се пријави за учество на детската Евровизија во Грузија оваа година. Ние …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!