Почетна / Телевизија / Алфа ги послуша гледачите – нема повеќе викенд репризи во прајмтајм

Алфа ги послуша гледачите – нема повеќе викенд репризи во прајмтајм

Гледачите испратија критики до нашиот портал и форум во врска со емитувањето на репризни изданија од надсинхронзиираните серии на Алфа телевизија за време на викендите.

Имено, секоја сабота и недела по 21 часот, телевизијата прикажуваше веќе емитувани епизоди на синхронзиираните серии, кои воедно со своја премиера и реприза, се емитуваат од понеделник до петок.

Не постои една единствена тв во цел регион, чак и косовска да е, која емитува репризи на репризите од сериите, како што тоа го прават Алфа и Канал 5 во викенд прајмтајм.

Се сложувам со тебе дека е глупо во прајм тајм термин да има репризи, но стојам на тоа дека и денски не би требало да се сведе програмата на репризирање. Така да репризи треба да се намали. Барем сега на повеќето оператори (читај А1, Телеком, МТЕЛ) има враќање програма па нека враќа кој што сака ако пропуштил нешто.

Очигледно тимот на Алфа ги послуша критиките и ги тргна репризите од викендите.

Па така, наместо репризи на репризите од сериите, за време на викендите во вечерните термини на Алфа ќе гледате филм, хуманитарно социјална домашна емисија, подкаст со Искра Коровешевска.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ: Неточни се наводите на ТВ 24 дека сме постапувале незаконски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и тенденциозни наводите со …

error: Содржината е заштитена!