Почетна / Сапуници / Фото | Туфан ги освои гледачите во „Лејла“, а ова е жената која го освои него

Фото | Туфан ги освои гледачите во „Лејла“, а ова е жената која го освои него

Публиката го запозна актерот Халил Ибрахим Џејхан во маратонската сапуница “Аманет”, а во моментов го гледаме како како харизматичниот Туфан во турската вечерната хит серија за „Лејла“.

И додека пред камерите неговиот лик минува низ љубовни драми и семејни пресврти, интересна приказна се одвива и во приватниот живот на актерот.

Неговото срце веќе подолго време ѝ припаѓа на актерката и модел Руја Чориќ, а нивната врска не помина без турбуленции. Турските медиуми пишуваа дека двајцата ја започнале романсата кон крајот на 2024 година, но подоцна следувал период во кој се разделиле, па дури и престанале да се следат на социјалните мрежи.

Сепак, разделбата очигледно не траела долго. Во есента 2025 година пристигна веста дека Халил и Руја повторно се заедно. Актерот наводно ѝ испратил цвеќе, а набргу потоа двајцата биле фотографирани рака под рака на јавен настан. Иако во еден момент се обидувале да ги избегнат камерите, веќе во декември се појавиле заедно на новогодишен настан во Истанбул, овојпат без криење на блискоста.

Но, на почетокот на 2026 година повторно се појавија гласини дека љубовта завршила. Токму тогаш Руја решила лично да стави крај на шпекулациите.

Фатена од новинарите во Нишанташи, таа категорично кажала дека немало раскинување и дека меѓу неа и Халил работите се во најдобар ред. „Сè оди добро и убаво“, порачала актерката, демантирајќи ги написите за нова разделба.

Во меѓувреме, животот на „Туфан“ доби голем пресврт и на професионален план. По „Лејла“, Халил доби улога во историска мини серија каде костимот што го носел тежел околу 14 килограми, а по напорниот снимачки ден тврди дека губи меѓу 1,5 и 2 килограми.

Така, додека македонската публика моментално го следи како Туфан во „Лејла“, животот на Халил Ибрахим Џејхан веќе продолжи во сосема ново поглавје односно со нова голема улога пред камерите и, според последната јавна изјава на неговата партнерка, стабилна љубовна приказна зад нив.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неколку репризни термини за италијанската сапуница на Телма

Серијата „Женски рај“, чија трета сезона во моментов се емитува на Телма, од четврток (1 …

error: Содржината е заштитена!